петок, 9. февруари 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Далиќ: Овој пресврт може да го направат само големи репрезентации

Далиќ: Овој пресврт може да го направат само големи репрезентации

Селекторот Златко Далиќ ги наполни со комплименти своите фудбалери, посебно за карактерот и реакцијата по примениот гол.

„Им честитам на играчите за одличната игра бидејќи беше многу тешко и опасно на почетокот. Примивме гол, Канаѓаните добија уште повеќе енергија и пукаат од енергија, па затоа втор примен гол ќе беше крајно опасен.Успеавме да ги смириме, се вративме и тоа го можат само големи селекции. Тоа може да го направат тимови кои дишат заедно, кои се полни со мотивација, верба и решителност. Токму тоа е Хрватска и затоа сум многу среќен. Сепак, ништо не решивме со оваа победа. Направивме мал чекор, но сега ни следи Белгија. За нив тој натпревар, како и за нас е последна шанса за осминафинале. Ќе бидеме мирни и, иако имаме бод повеќе од нив, мора да бараме победа“, изјави Далиќ.