вторник, 13. февруари 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Дани Алвеш ќе стане најстариот капитен на Бразил на едно СП

Дани Алвеш ќе стане најстариот капитен на Бразил на едно СП

Ветеранот Дани Алвеш ќе стане најстариот капитен во историјата на Бразил на едно Светско првенство, откако селекторот Тите, откако контроверзно го вклучи 39-годишниот бек на УНАМ Пумас во составот, наводно само поради тоа што е близок пријател на Нејмар.

Алвеш, кој се опорави од повредата за свое трето Светско првенство, ја доби честа од Тите да ја носи капитенската лента на мечот со Камерун, каде што ако избегнат пораз ќе го осигураат првото мсто во групата Г по победите над Швајцарија и Србија.

„За мене е многу голема работа што го носам бразилскиот дрес и горд сум на сите успеси. Со бразилската репрезентација сум со години и среќен сум што можам да го завршам овој циклус со настап на Светско првенство. Во овие 16 години го давав мојот максимум, а секогаш сум мислел дека животот ги наградува тие кои го прават тоа што го сакаат“, изјави Алвеш.