петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Данска е првиот четвртфиналист на ЕП по триумфот над Велс

Данска е првиот четвртфиналист на ЕП по триумфот над Велс
Данците одиграа уште еден одличен натпревар, беа подобар противник од Велс и заслужено по победата од 4-0 се пласираа меѓу осумте најдобри на Европското првенство.
Резултатот беше отворен во 27. минута кога по додавање на Дамсгор, Долберг постигна убав гол од далечина за водство на Данска од 1-0. По само три минути игра во второто полувреме Долберг постигна уште еден гол за 2-0.
Пред самиот крај на натпреварот уште една убава реализација на Данска, овој пат стрелец беше одличниот бек Меле 3-0.
Потоа следуваше црвен картон на Вилсон поради опасен старт, можеби престрого, Велс остана со фудбалер помалку.
Во третата минута од судиското продолжение, Брејтвајт погоди за конечни 4-0. Данска во четвртфиналето ќе игра со подобриот од натпреварот меѓу Холандија и Чешка.