Шпанскиот голман Давид Де Хеа е слободен агент и се шпекулираше за негова можна пензија по разделбата со Манчестер Јунајтед, но тоа нема да биде така затоа што тој веќе ги доби првите понуди на своја адреса.
32-годишникот е мета на неколку клубови од Саудиска Арабија и од американската МЛС-лига. Меѓутоа, тој не е заинтересиран да си оди од Европа. Најновиот интерес за голманот доаѓа од татковината Шпанија, од каде два клуба го бараат играчот.
Реал Бетис и Валенсија се заинтересирани да го добијат Де Хеа во своите редови.