Давид де Хеа потврди дека го напушта Манчестер Јунајтед по 12 години поминати во клубот. Договорот на 32-годишниот фудбалер истече на крајот на јуни, но преговараше со клубот до минатата недела.
Со оглед на тоа што Ерик тен Хаг јасно бараше Андре Онана од Интер да стане неговиот нов број еден, Де Хеа одлучи дека е најдобро да бара нов клуб, а веднаш доби понуди на маса од Саудиската Про лига.
Сепак, шпанските медиуми пренесуваат дека Севилја е прв фаворит за потписот на Де Хеа, доклку останат без својот прв голман Боно.
Боно летово најверојатно ќе го напушти „Санчез Писхуан“, а во игра за неговиот потпис се францускиот Пари Сен Жермен и германскиот Баерн Минхен.