Играчот од средниот ред Давид Силва може да ја продолжи кариерата во Лацио. Шпанецот е близу до потпишување на тригодишен договор со плата од три милиони евра годишно, со исклучок на бонусите, јавува новинарот Никола Скира на Твитер.
Претседателот на Лацио, Клаудио Лотито се надева дека договорот ќе биде потпишан во наредните денови.
Силва (34) е слободен агент бидејќи неговиот договор со Манчестер сити заврши со крајот на сезоната 2019/20 во Премиер лигата.
Фудбалерот играше за Сити од 2010 година. (МИА)