Фудбалерот на Манчестер сити, Кевин де Бруин, ја отфрли идејата за негов трансфер во Реал Мадрид, објави „Дон Балон“.
Белгиецот е целосно задоволен од неговата позиција во премиерлигашот и актуелен шампион на Англија.
Оваа сезона, Де Бруин настапи на 13 натпревари во Премиер лигата, постигна три гола и оствари две асистенции.