Фудбалерот на белгиската репрезентација, Кевин де Брујн, истакна дека францускиот фудбалер Килијан Мбапе ќе стане голема фудбалска ѕвезда.
– Мбапе станува ѕвезда. Кога играв против Монако тој се уште не беше на ова ниво и во овој период воошто не го знаев. Но, во изминатата година и половина тој си најде место во клубот, се натпреваруваше во Лигата на шампионите и играше за репрезентацијата. Сега веќе е сосема друг играч и во следните 15 години ќе стане голема фудбалска ѕвезда. Имаше неверојатна година, а може да напредува и уште повеќе. Тој ќе биде опасен за нас, но ќе се обидеме да запреме, нагласи Де Брујн.
Белгија првпат по 1986 година се пласираше меѓу четирите најдобри екипи во светот, а вечерва во полуфиналниот напревар на Мундијалот во Русија ќе се соочи со Франција.
МИА