Фудбалската репрезентација на Белгија во првото коло на Светското првенство среќно ја совлада Канада со 1:0, а за време на мечот, главната ѕвезда на Црвените ѓаволи, Кевин де Брујне, често го изразуваше своето незадоволство со разни гестикулации.
Де Брујне на прес-конференцијата пред дуелот со Мароко во второто коло, ја објасни причината за неговите гестикулации.
„Знам дека не можеме да играме како Манчестер сити. Во репрезентацијата мора да се прилагодите на играчите што ги имате околу вас. Дали понекогаш ме фрустрира тоа? Да, но би требало помалку да го покажувам на теренот иако целам кон совршенство“, изјави Де Брујне.
Белгиецот не пропушти да ја поздрави одлуката на управата на Манчестер јунајтед што успеа да го продолжи договорот со менаџерот Пеп Гвардиола.
„Таа одлука ми го олеснува животот. Начинот на кој Гвардиола ја води екипата е јасен и се чувствувам многу пријатно со него. Сега на двајцата договорот ни истекува во 2025 година и не можам да бидам посреќен поради тоа“, рече Де Брујне.