Новата аквизиција на Барселона, Френки де Јонг вечерва ќе игра против Реал Мадрид, но со тимот на Ајакс.
Тимот од Амстердам загуби со 1:2 во првиот натпревар и тие се соочуваат со тешка мисија на „Сантијаго Бернабеу“.
– Барса ме замоли да го елиминирам Реал Мадрид. Тоа се случи кога преминав во Барселона. Мораме да играме офанзивно, да притиснеме и да играме на наш начин. Ако сме силни како тим, имаме доволно квалитети за да го изненадиме ривалот. Ако го елиминираме Реал Мадрид, ќе ги изненадиме сите и ќе го ставиме Ајакс на мапата, рече талентираниот играч од средниот ред пред „Де Телеграф“.