Дејан Кулушевски го постигна голот за победа на дуелот меѓу Зенит и Јувентус, а по натпреварот признал дека овој погодок има големо значење и ќе го памети до крајот на животот.
Не само што Швеѓанецот со македонско потекло ретко постигнува голови со глава, туку за него ова беше прв погодок во Лигата на шампионите и затоа има посебно место во неговата кариера.
По средбата, Кулушевски зборувал пред камерите на клупската телевизија заедно со Матијс де Лихт, а токму Холанѓанецот се шегувал за неговиот прецизен удар со глава.
– Го научи тој удар со глава од Кристијано Роналдо. И јас работам многу со него за да му помогнам во овој сегмент, – изјавил расположениот Де Лихт.
За да биде поинтересно, вчера и Роналдо постигна гол со глава и на тој начин му донесе триумф на Манчестер Јунајтед против Аталанта.