вторник, 12. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Дејан Илиев нов голман на фински ХЈК

Дејан Илиев нов голман на фински ХЈК

Повремениот чувар на мрежата на македонската фудбалска репрезентација Дејан Илиев ќе ја продолжи кариерата во најтрофејниот фински клуб ХЈК.

Клубот од Хелсинки објави денеска дека со 27-годишниот Илиев е потпишан договор на една година со можност за продолжување на соработка за уште година.

Илиев се сели во финското првенство откако измината година беше голман на словачкиот прволигаш Тренчин.

Во тинејџерските години потпиша за лондонски Арсенал и за петте години како член на премиерлигашот беше позајмуван во неколку англиски и европски екипи.

Во ХЈК ќе го носи дресот со бројот 25, а негов конкурент на голманската позиција ќе биде 22-годишниот поранешен фински младински репрезентативец Јесе Ост.