Дејан Станковиќ е новиот тренер на Сампдорија.
Според италијанските медиуми, договорот е постигнат во текот на вечерта, доскорешниот тренер на Црвена ѕвезда ќе седне на загреаната клупа на тимот од Џенова најмалку до крајот на сезоната.
Договорот би можел да биде продолжен на крајот на сезоната, а се очекува Станковиќ да добие богат бонус доколку остане во Сампдорија.
Џенова во моментов е последнопласираната екипа во Серија А со само два бода од осум натпревари.