понеделник, 1. април 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

„Дејли Мејл“ открива: Катар играл пријателски мечеви во тајност

„Дејли Мејл“ открива: Катар играл пријателски мечеви во тајност
epa08047014 Qatar national soccer players pose for a team photo prior to the Arabian Gulf Cup semi final match between Qatar and Saudi Arabia at the Al Janoub Stadium in Al Wakrah Doha, Qatar on 05 December 2019. EPA-EFE/Noushad Thekkayil

Репрезентацијата на Катар во пресрет на Мундијалот одигра голем број пријателски натпревари, дури седум, а судењето беше преповолно за нив. Изведоа „премногу“ удари од пенали и поради ова еден функционер на ФИФА испратил предупредување до своите шефови, пишува британски Дејли Мејл.

На последните четири пријателски натпревари Катар забележа четири победи со тоа што му беа досудени три пенали. Тие ги победија Гватемала со 2:0, Хондурас 1:0, Панама 2:1 и Албанија 1:0. Од шесте постигнати гола, три Катарците ги постигнаа од пенал.

Некои од пријателските натпревари се одиграа зад затворени врати, не можеа да се следат во живо на стадионот, на телевизија или преку Интернет. ФИФА доби предупредување од еден од официјалните лица за интегритет на натпреварувањето.

Постојат индикации дека Катар намерно создал позитивни резултати против репрезентациите од Латинска Америка на неодамнешните пријателски натпревари за да не оди на отворањето на Светското првенство против Еквадор во недела како аутсајдери.

Како домаќин, Катар беше критикуван од фудбалските фанови. Тоа е земја која нема фудбалска традиција, а нејзината репрезентација никогаш досега не играла на Светско првенство. Дури и строгите, конзервативни закони не помогнаа во градењето на позитивна слика.