Селекторот на англиската фудбалска репрезентација Герет Саутгејт го предупреди играч од средниот ред на Тотенхем Деле Али дека тој ќе мора да се бори за место во стартната постава.
Тоа е забележано, бидејќи Али го преседи на клупата за резерви целиот натпревар со Италија на „Вембли“ што заврши 1:1.
– На слатки маки сум, бидејќи ги имам Рашфорд, Лингард, Стерлинг, Кејн, Варди, Окслејд-Чембрлен, огромен избор. Не гледам причина зошто еден од нив не може да оди во Русија, но морам да донесам одлука. Нема причини зошто и Али да не дојде, бидејќи може да даде одлучувачки придонес кон играта. Тој има потенцијал и јас ќе ги следам неговите настапи следните неколку седмици, изјави Саутгејт.
Информира дека не го ставил во игра против Италија, Деле Али, затоа што сакал да види како ќе функционира тимот со друг напаѓач.
Саутгејт на 14 мај ќе го објави конечниот список на фудбалери кои ќе патуваат на Мундијалот во Русија.