Помалку од една недела откако Шкупи ја обезбеди шампионската титула во Првата македонска фудбалска лига делегација на УЕФА денеска беше во посета на клупскиот стадион во скопската населба Чаир.
Како што е соопштено, повод за посетата на делегацијата на УЕФА, предводена од Данило Филачоне, беше да се утврди дали стадионот во Чаир ги исполнува критериумите на УЕФА за одигрување на натпревари од квалификациите за пласман во Лигата на шампиони.
Шкупи во неделата на четири кола до крајот на сезоната ја обезбеди шампионската титула и во јуни ќе настапи во 1. квалификациско коло во Лигата на шампиони, а во случај на елиминација настапот ќе го продолжи во 2. квалификациско коло во Лигата на конференции.