среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Денеска продолжува македонскиот фудбалски шампионат

Денеска продолжува македонскиот фудбалски шампионат

После два и пол месеци, прволигашкиот фудбал се враќа на сцената со натпреварите од 19. коло, со што официјално стартува и пролетниот дел од сезоната. Пролетен дел кој ќе го даде одговорот на прашањето кој ќе ја подигне шампионската титула, а битката за неа ќе биде доста интересна и драматична.

Струга ТЛ е во пол позиција, но под опасна закана од бранителот на трофејот Шкупи, кој во финишот од есенскиот дел успеа да намали од разликата на стружани.

Шкендија, пак, од втор план ќе се надева дека овие два тима ќе прават „киксови“ за тие да стигнат до трофејот, иако е тешко да се верува дека тетовските „црвено-црни“ ќе можат сериозно да се вмешаат во трката, односно дали водечките две екипи ќе дозволат на избраниците на Ќатип Османи да се доближат.

ПМФЛ, 19. КОЛО (ДЕНЕСКА 14 ЧАСОТ)

Штип: БРЕГАЛНИЦА – СКОПЈЕ

Скопје: МАКЕДОНИЈА ЃП – АК. ПАНДЕВ

Прилеп: ПОБЕДА – РАБОТНИЧКИ

Кичево: ШКУПИ – ШКЕНДИЈА

Кавадарци: ТИКВЕШ – СТРУГА Т.Л.