Фудбалерот на Барселона Мемфис Депај од јануари ќе игра во Серија А, пренесуваат италијанските медиуми. Холанѓанецот претходно ја одби понудата на Севилја, па Јувентус се чини како најдобра опција за него во моментот.
Цената е 10 милиони евра кои „старата дама“ ќе може да ги плати без проблем. Оваа сезона 28-годишниот напаѓач запиша само 131 минута во дресот на каталонскиот гигант.