петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Дешамп: Победивме многу добар англиски тим

Дешамп: Победивме многу добар англиски тим

По завршувањето на натпреварот Англија-Франција , своето мислење го изнесе Дидие Дешамп. Селекторот на Франција е задоволен од прикажаното, а го најави и полуфиналето.

„Прекрасно е чувството по една ваква победа. Вечерашниот беше одличен натпревар, победивме многу добар англиски тим. Но, уште еднаш одговоривме на предизвикот. Одлично е за сите играчи што стигнаа повторно до полуфиналето. Имаме менталитет, состојба на умот и тоа се покажува на теренот. Со срце и храброст однапред го славиме овој успех. Ќе го подготвиме дуелот против Мароко многу сериозно. Овој тим го заслужува тоа. Тие се сè, само не изненадување“, кажа Дешамп