среда, 27. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

ДЕТАЉ КОЈ МНОГУ ГОВОРИ: Откриено што значи распоредот на шаховските фигури во рекламата на Меси и Роналдо

ДЕТАЉ КОЈ МНОГУ ГОВОРИ: Откриено што значи распоредот на шаховските фигури во рекламата на Меси и Роналдо

Заедничката фотографија на Лионел Меси и Кристијано Роналдо на ден пред почетокот на Светското првенство привлече големо внимание, а шаховските великани забележаа многу интересен детаљ со положбата на фигурите на фотографијата.

Рекламната кампања на францускиот моден бренд Луј Витон ја донесе, како што веќе многумина ја нарекоа, фудбалската фотографија на векот. Брендот Луј Витон е првиот кој на една иста фотографија ги собра двајцата од најдобрите фудбалери во последните децении.

На фотографијата Меси и Роналдо играат шах и размислуваат за потегот што ќе го направат во следниот момент. Она што многумина го пропуштија е дека положбата на шаховските фигури на фотографијата крие многу интересна приказна, што е потврда дека кога била креирана рекламата било размислувано и на најмалите детали.

Шаховските мајстори открија дека позицијата на фигурите е реплика на вистински натпревар, познатиот судир во 2017 година меѓу двете големи легенди Магнус Карлсен и Хикару Накамура.

Интересно прашање е зошто креаторите на рекламата го избрале овој натпревар. Причината е што ривалството меѓу Меси и Роналдо потсетува на она на Карлсен и Накамура.

Велемајсторот Магнус Карлсен често се наведува како Моцарт во шахот, кој според многумина е најдобриот шахист на сите времиња и играч кој пет пати по ред бил светски шампион.

Од друга страна, Хикару Накамура е неговиот најголем ривал, најдобриот шахист на денешницата, светски првак во шах и единствен кој заедно со Карлсен го држи врвот на една од официјалните рангирања.

Причината за оваа поставка на фотографијата е нерешено. Изборот на шаховска позиција е всушност истата која се случи на познатото реми во 2017 година меѓу Карлсен и Накамура. Натпреварот заврши, што значи дека и Меси и Роналдо се најголеми на сите времиња на свој начин.

Интересно, и Карлсен и Накамура се огласија на социјалните мрежи за да ја коментираат сега веќе иконската фотографија.

-Се прашував зошто оваа шаховска позиција изгледаше познато, напиша Накамура на Твитер.

Од друга страна, Карлсен се пошегува и рече дека ривалството меѓу Меси и Роналдо е второ најголемо во светот.

-Второто најголемо ривалство на нашето време, истакна Карлсен, алудирајќи на неговото ривалство со Накамура.