понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Џуд Белингем потпиша за Реал Мадрид – најскапо засилување во историјата на „кралевите“

Џуд Белингем потпиша за Реал Мадрид – најскапо засилување во историјата на „кралевите“

Официјално најскапо засилување на Реал Мадрид беше Еден Азар кој пред четири години дојде од Челзи за 115 милиони, а од официјално тоа веќе сега е англискиот репрезентативец Џуд Белингем. Младиот Англичанец дефинитивно е новиот играч на Мадрид, пишува „Марка“.

Работата е завршена, Белингам пристигнува од Борусија Дортмунд, кој го потврди трансферот – Реал на германскиот тим ќе му плати 103 милиони евра фиксни, плус 31 милион бонуси. Вкупно – 134 милиони, најмногу во историјата на „кралскиот клуб“.

Белингем ќе потпише договор со Реал до 2029 година, а до крајот на неделата ќе биде на лекарски преглед.

Преговорите околу доаѓањето на англискиот репрезентативец во Мадрид завршија пред два дена во Лондон. Во оваа трка Реал ги победи Манчестер Сити и Ливерпул на кои играчот директно им најави дека кариерата ќе ја продолжи во Шпанија.