Аргентинскиот фудбалски репрезентативец Анхел Ди Марија ќе го пропушти првиот осминафинален натпревар од Лигата на шампионите што ќе се игра на 16 февруари на Камп Ноу.
Причина за тоа е повредата на задната ложа, доживеана во 11. минута од мњчот против Марсеј, одигран во неделата.
Отсуството на Ди Марија го потврди и тренерот Маурисио Покетино иако остави резерва дека конечниот состав ќе го одреди на денот на натпреварот.
„Ќе видиме за една недела каква ќе биде ситуацијата со неговата повреда. Фактот што нема да биде во тимот, нема да не принуди да ја спуштиме главата, туку ќе најдеме најдобро можно решение за екипата“, изјави Покетино.