Аргентинскиот репрезентативец Пауло Дибала постигна договор за продолжување на соработката со Јувентус на уште пет години.
Иако преговорите траеја со месеци и во еден момент изгледаше дека нема да има договор, враќањето на Алегри влијаеше целиот процес да биде забрзан и да се решат проблемите. Дибала ќе стане најплатен фудбалер во Серија А со годишна плата од 10 милиони евра, плус бонуси.
Ако го исполни договорот до крај, тој ќе комплетира една деценија, па дури и 11 години со Јувентус бидејќи во торинскиот гигант дојде во 2015 од Палермо.