понеделник, 18. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Дибала: Среќен сум во Италија, овде сум 10 години, ме третираат како Италијанец

Дибала: Среќен сум во Италија, овде сум 10 години, ме третираат како Италијанец

Аргентинскиот фудбалер Пауло Дибала ги сподели своите размислувања за неговата иднина. Напаѓачот на Јувентус летово ќе го напушти клубот како слободен играч.

– Се чувствувам многу удобно во Италија. Сè уште би сакал да запознам други лиги како Премиер лигата, но среќен сум во Италија. Тука сум 10 години, го знам турнирот и ме третираат како да сум Италијанец. Периодов фокусиран сум на репрезентацијата, морам со мирна глава да размислувам за мојата иднина. Сè уште ништо не сум одлучил, мојот агент размислува за тоа, а јас за репрезентацијата на Аргентина, изјави Дибала.

Аргентина вчеравечер ја совлада Италија со 3:0, Дибала беше стрелец на третиот гол.

Дибала во Јувентус дојде од Торино во 2015 и со „Старата дама“ освои пет шампионски трофеи во Серија А.