Ал Ахли испрати конкретна понуда за аргентинскиот стратег Диего Симеоне.
„ЕСПН“ тврди дека тренерот на Атлетико Мадрид има можност да заработува по 40 милиони евра по сезона, но очигледно не е расположен да ја напушти Шпанија.
Ова не било првпат популарниот „Чоло“ да добие понуда од Саудиска Арабија, но оваа била најконкретна и со најповолни финансиски услови.
Симеоне последната сезона обезбеди Топ 4 пласман за Атлетико и покрај лошиот старт, што подразбира единаесетта сезона по ред во Лигата на шампионите.