Македонскиот фудбалски репрезентативец Стефан Ристовски својата кариера ќе ја продолжи во хрватскиот шампион Динамо Загреб.
Неговиот нов клуб покрај домашните обврски, во вториот дел од сезоната ќе се натпреварува и на меѓународна сцена, а Ристовски се најде во списокот на регистрирани играчи за настапите во фудбалската Лига на Европа.
Противник на „модрите“ во првото елиминационо коло во Лигата на Европа е тимот на Краснодар, тим кој во есенскиот дел од сезоната се натпреваруваше во Лигата на шампионите во група со Челзи, Севиља и Рен.
Ристовски по официјалната промоција веќе му се стави на располагање на тренерот Мамиќ и своето деби за новата екипа се очекува да го има веќе в недела на дуелот против Истра.