Реал Мадрид и Манчестер Сити утре од 21 часот на „Сантијаго Бернабеу“ ќе си сретнат во првиот полуфинален натпревар од Лигата на Шампионите, а на денешната пресконференција за медиуми тренерот Карло Анчелтои донесе и добри вести за фановите на мадридскиот клуб.
Имено, за средбата со „граѓаните“ италијанскиот стратег ќе го има на располагање Лука Модриќ кој беше неизвесен за дуелот по претрпеана повреда.
„Модриќ може да настапи без проблем и ќе игра“, изјави Анчелоти.
„Тој е многу опасен, но не е единствен. Целиот тим игра одлично. Мораме да го запреме целиот тим кој се чини дека е незапирлив. Важни се мотивацијата и ентузијазмот. Освојувањето на Купот на Кралот доби ни дојде во тој поглед“, додаде Италијанецот.