недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Дојдоа во Катар да играат Светското првенство, но ги заборавија дресовите дома

Дојдоа во Катар да играат Светското првенство, но ги заборавија дресовите дома

Светското првенство започнува во недела, а дел од репрезентациите учеснички се соочуваат со сериозни проблеми, пред се логистички. Така, една од селекциите е во ситуација да нема дресови за првиот натпревар.

Репрезентацијата на Гана сериозно ризикува да не го одигра првиот натпревар на Светското првенство во официјални дресови од бизарна причина.

Имено, експедицијата на африканската селекција пристигна во Катар, а комплетната опрема вклучувајќи ги и дресовите беше заборавена, а сега практично немаат дресови за Светското првенство.

ФС Гана ги иницираше сите можни врски за да бидат доставени дресовите во Катар, но како што сега стојат работите тешко дека тоа ќе се случи до првиот натпревар.

Главна причина е бавноста на поштата во Гана, па избраниците на Ото Ада веројатно ќе мора да бараат алтернативно решение за првиот меч на Мундијалот.

Гана го отвора турнирот на 24 ноември со мечот против Португалија, а ќе игра и со Јужна Кореја и Уругвај. За очекување е да бидат испорачани дресовите за другите два натпревари.