недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Донарума: Мбапе е вонземјанин!

Донарума: Мбапе е вонземјанин!

Килијан Мбапе вчера беше човекот на одлука во победата на Реал Мадрид.

Мбапе голот за победа го постигна во 94. минута после еден соло продор. Така ПСЖ во Мадрид ќе патува со еден гол предност. Голманот на ПСЖ, Џанлуиџи Донарума имаше само пофални зборови за својот соиграч.

„Килијан Мбапе…мама миа! Тој е вонземјанин. Едноставно е неверојатен, може многу да направи на теренот. Со него секогаш е шоу без разлика дали сте на теренот или надвор од него. За неговата иднина ќе одлучи самиот. Ние уживаме во секој ден со него“, изјави Донарума.