среда, 22. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Драган Стојковиќ – Пикси официјално е нов селектор на Србија

Драган Стојковиќ – Пикси официјално е нов селектор на Србија

Фудбалскиот сојуз на Србија денес го прифати предлогот на челниците кои два месеци претходно преговара со некогашната фудбалска звезда на Србија Драгана Стојковиќ -Пикси околу неговото седнување на клупата.

Меѓутоа едно прашање остана нерешено или пак е само непознато за јавноста – финаниските услови во неговиот договор. За тоа се чека да се види како Пикси ќе се договори за раскинувањето на кинескиот Гвангжу.

Во неговиот стручен штаб според информациите кои доаѓаат од напиот северен сосед ќе влезат  Стеван Стојановиќ, Братислав Живковиќ, Жарко Ѓуровиќ, Марко Перовиќ, Александар Коќиќ и јапонскиот експерт за физичка спремност на играчите Катушито Киноши.