понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Драма во последното коло од Серија Б: Голема радост за фудбалските фанови- славниот италијански клуб се враќа во елитата (ВИДЕО)

Драма во последното коло од Серија Б: Голема радост за фудбалските фанови- славниот италијански клуб се враќа во елитата (ВИДЕО)

Вистинска драма во последното коло од италијанската Серија Б! Драма која предизвика среќа и славење кај секој вистински фан на фудбалот, а за тоа заслужен е израмнувачкиот погодок на Фоџа во Фросиноне во 89-та минута. Тој погодок на Фоџа ништо не и значеше, но беше многу важен за Фросиноне и за Парма. Славниот клуб од Енио Тардини четири години после банкротот и играњето по пониските лиги се враќа онаму каде што му е местото, во елитната италијанска лига.

Италијанскиот фудбал може да се каже дека се буди во последните 2-3 години, Јувентус во минатите три години два пати беше финалист во Лигата на шампионите, силни инвестиции има во Милан и Интер, Рома успеа да ја исфрли Барселона од најелитното европско натпреварување оваа година, а враќањето на Парма во Серија треба да биде уште еден чекор кон целосно враќање на сцена на славните калчо денови.

Парма за овој успех мора да му се заблагодари на Фросиноне, кој пред последното коло се имаше во своите раце. Два бода повеќе пред последните 90 минути, меч пред своите фанови, незаинтересиран ривал… Но, тоа не им беше доволно, Парма оствари сигурна победа на гостувањето кај Специја со 2:0, а Фоџа им помогна креирајќи драма која ретко се гледа.

После првите 45 минути во Фросиноне резултатот беше 0:1 за гостите. Надежта за фановите на Парма беше голема, но за пет минути, од 68-та до 73-та минута домаќините направија пресврт. Но, комичен автогол на фудбалерите на Фросиноне ја врати Парма онаму каде што припаѓа, меѓу најдобрите во Калчото.

Инаку Парма е клубот од чија школа и низ чиј тим поминаа големи играчи, дете на овој клуб е можеби и најдобриот голман во историјата на фудбалот Џанлуиџи Буфон.