понеделник, 11. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Дресови на Меси нема во продажба ама баш никаде во светот!

Дресови на Меси нема во продажба ама баш никаде во светот!

Пласманот на Аргентина во финалето на Мундијалот во Катар донесе огромна еуфорија не само во оваа држава туку и во целиот свет, што најдобро се гледа од распродажбата на оргиналните дресот на „гаучосите“ со бројката и името на Лионел Меси.

Побарувачката е огромна, а од централата на „Адидас“ објавија дека никаде во светот повеќе нема дресови со легендарната „десетка“ за продавање.

Се потврдува дека сите залихи се продадени, дури и тоа во најоддалечените места на планетата. Луѓето од „Адидас“ се во шок и потенцираат дека вакво нешто им се случува првпат во богатата историја на компанијата за производство на спортска опрема.