Капитенот на Швајцарија, Гранит Џака, денеска ја даде првата изјава по тешкиот осминафинален пораз од Португалија (1-6), кој значеше крај на настапот на Мундијалот во Катар, во која ја изрази својата голема разочараност.
Фудбалерот на Арсенал, кој како целосно да се потроши по триумфот над Србија (3-2) во кој имаше придонес на теренот, но и во провокациите на противникот, па против Португалците беше буквално невидлив.
„Фудбалот понекогаш премногу боли. Тажен сум што СП 2022 за нас заврши на начин на кој заврши. Сакам да им се заблагодарам на навивачите кои нѐ поддржаа за време на турнирот, тоа навистина многу ни значеше. Ќе дадеме се од себе за да се вратиме посилни“, напиша Џака на Инстаграм.