По само два дена откако преку објава на Твитер дозна дека не е повеќе тренер на Наполи, Џенаро Гатузо си најде нов ангажман и во следната сезона ќе ја води Фиорентина
Фиорентина одигра сезона за заборав во Серија А, бидејќи желбата за излез во Европа не само што не се оствари, туку тимот до последно трепереше за својот опстанок во елитата, па затоа неизбежна беше „свежа крв“ на клупата.
Поранешниот играч на Перуџа, Ренџерс, Салернитана, Милан и Сион во својата тренерска кариера ги водеше Сион, Палермо, Пиза, ОФИ, Милан и Наполи.
Како играч има освоено бројни трофеи, претежно во дресот на Милан, а како тренер штотуку го освои Купот на Италија со Наполи.