Стивен Џерард откако ја заврши фудбалската кариера, досега има работено како гостин коментатор на англиските телевизии, тренер на младинскиот тим на Ливерпул и од оваа сезона менаџер на шкотскиот великан Ренџерс.
Џерард ги коментираше натпреварите на БТ Спорт во друштво со своите некогашни соиграчи од репрезентацијата, Мајкл Овен и Рио Фердинанд. Меѓутоа некогаш капитен на Ливерпул во последното интервју откри интересна приказна за односите со колегите во репрезентацијата.
-Додека играв за Ливерпул едноставно во тунелот не можев да ги смислам Гери неви и Рио Фердинанд, кога игравме против Манчестер Јунајтед. Потоа се случуваше заедно да играме за Англија и признавам дека морав да глумам дека ги сакам, а искрено не сакав со очи да ги гледам, кажа Џерард.