понеделник, 13. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Фердинанд на Тен Хаг му го предлага „совршениот дефанзивец“ за Јунајтед

Фердинанд на Тен Хаг му го предлага „совршениот дефанзивец“ за Јунајтед

Одбраната на Манчестер Јунајтед изминатите неколку сезони има големи проблеми, а се стекнува чувство дека Тен Хаг тоа поле го стабилизираше минатата сезона со Рафаел Варан и Лисандро Мартинез.

Но сезонава поради повредата на Мартинез, Јунајтед е приморан да форсира и повторно се гледаат одредени нестабилности, кои Тен Хаг мора да ги реши доколку сака клубот да бележи добри резултати.

Рио Фердинанд по тоа прашање, предлага дека Јунајтед како клуб, треба да се фокусира со доведување на Роналд Араухо од Барселона, за кој смета дека е идеален за стилот на Јунајтед.

Момчето од Уругвај кое настапува за Барселона – Араухо, тој е фантастичен, брилијантен е и неверојатен централен дефанзивец. Тој ги има сите потребни атрибути да биде фантастичен во Премиерлигата. Мислам дека Јунајтед треба да се обиде да го ангажира“, тврди Фердинанд.

Договорот на Араухо со Барселона е валиден до 1 јуни 2026 година.