вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Ѕирнете во домот на легендарниот Дејан Станковиќ во Милан: Базен на тераса, теретана и непроценлива глетка кон Сан Сиро (ФОТО)

Ѕирнете во домот на легендарниот Дејан Станковиќ во Милан: Базен на тераса, теретана и непроценлива глетка кон Сан Сиро (ФОТО)

Тренерот на Црвена Ѕвезда Дејан Станковиќ за време на својата фудбалска акриера заработил толку многу што може да си дозволи за себе и за своето семејство луксузен дом на една од најдобрите локации во Милан, каде што само погледот од терасата има непроценлива вредност.

Станковиќ поради обврските во Црвена Ѕвезда последната година и пол во Милан престојува само за празници и паузи, како и во овој случај.

Во Италија живеат неговата сопруга и неговите три сина, а еден од нив на социјалните мрежи објави интересни моменти како го поминуваат заедничкото време.

Имено, домот на Станковиќ се наоѓа во градот на модата, Сан Сиро, има огромна тераса, на која има базен а и теретана.

Сепак, она што е највпечатливо, секако е погледот кон стадионот на кој што испиша фудбалска историја. Терасата од неговиот дом гледа на легендарниот стадион Сан Сиро, каде како играч настапуваше за Интер од 2004 до 2013 година, и каде што има статиус легенда на клубот со кој ја освои и Лигата на шампионите.