сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

„Џокерите“ Фред и Еланга ги спасуваа Јунајтед против Лидс

„Џокерите“ Фред и Еланга ги спасуваа Јунајтед против Лидс

Манчестер јунајтед го доби мечот со Лидс јунајтед со 2:4 во возбудлив натпревар во кој „ѓаволите“ успеаја да пропуштат водство од 2:0 за 60-тина секунди, а потоа мораа да го пуштат Фред од клупата за да ги спаси надежите за пласман во најдобрите четири екипи за оваа сезона во Премиер лигата.

На силниот дожд во Лидс, Јунајтед имаа одлично прво полувреме – Хери Мегваер во 34. минута по еден корнер ги донесе во водство, за во финишот на полувремето, Бруно Фернандеш да зголеми на 0:2 и да најави убедлива победа.

Но, стартот на второто полувреме беше фуриозен за Лидс, кои експресно ја избришаа предноста на лутите ривали. Родриго во 53. минута успеа да намали на 1:2, за само една минута подоцна Рафиња да постигне фантастичен гол за израмнување.

Ралф Рангник го направи вистинскиот потег кога ги извади Пол Погба и Џеси Лингард од игра во 67. минута и ги внесе Фред и Ентони Еланга. Бразилецот Фред во 70. минута доби одлична топка од Џејдон Санчо за да постигне убав гол за враќање на водството. Втората замена Ентони Еланга во 88. минута доби одлична топка од Бруно за да ги постави конечните 2:4