недела, 17. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

ЅВЕЗДАТА СЕ ЧУСТВУВА ИЗНЕВЕРЕНА: Мбапе сака да си замине од ПСЖ веќе во јануари

ЅВЕЗДАТА СЕ ЧУСТВУВА ИЗНЕВЕРЕНА: Мбапе сака да си замине од ПСЖ веќе во јануари

Еден од најдобрите фудбалери во светот, Килијан Мбапе сака да го напушти ПСЖ во јануари, објави шпанската „Марка“.

Ова веќе често се шпекулира, наводно повторно францускиот репрезентативец е во конфликт со париските „светци“. Мбапе кој моментно вреди 160 милиони евра, има важечки договор со францускиот шампион до 30 јуни 2025 година.

Играчот уште во јули бараше да си замине од клубот, според изворот, првите луѓе на ПСЖ се согласиле на договор, но имаат еден услов. Мбапе не може да оди во Реал Мадрид, што е неговиот детски сон.

Причината за разделбата е предавството! Мбапе чувствува дека клубот го изневерил. Французинот во мај потпиша нов двегодишен договор со Пари Сен Жермен. Тогаш ПСЖ му даде некои големи ветувања на фудбалерот кој не можеше да ги исполни. Мбапе изрази незадоволство поради тоа.

– Навистина сум среќен што ќе ја продолжам авантурата во ПСЖ. Престој во Париз, во мојот град… Се надевам дека ќе продолжам да го работам она што го сакам со сите вас и заедно да освојуваме титули! Ви благодарам многу. Ова е мојот дом, мојот град, како што секогаш велев. Продолжувам со Пари Сен Жермен, заедно да освојуваме титули – рече Мбапе пред неколку месеци.