Фиорентина се подготвува за дуелот со Беневенто, но болката за загубата на Астори е преголема во клубот.
„Обидете се да тренирате и да играте како да ви е последен пат. Тоа секојпат им го велев на фудбалерите за да ги мотивирам. Можеби никогаш не требаше тоа да му го кажувам на Астори“, рече Пиоли за италијанските медуми.
Загубата на својот капитен ја шокираше Италија и фудбалскиот свет, затоа што фудбалот агуби голем човек.
„Нашите навивачи имаат огромно срце. Јас сакав да го гушнам секој од нив на погребот на Астори во четвртокот. Првата мисла сега секојпат ми оди за Давиде. Беше посебен човек, капитен, Имав среќа последните месеци да ги поминал со нив. Беше великодушен, позитивен, алтруист. За жал, немав многу време да поминам со него. Затоа многу ми е жал. Ми недостига секој ден кога ќе тргнам на тренинг. Нашите мисли сега се кон неговото семејство. Јас не знам што да и кажам на неговата сопруга и на ќеркичката. Освен дека секогаш ќе бидеме тука за нив и дека наша должност е да се грижиме за дамите на Астори“, додаде Пиоли.