Поранешниот германски репрезентативец Месут Озил би можел да остане во Турција.
Озил не се изнаигра многу оваа сезона во дресот на Арсенал и планира да го напушти северен Лондон. Често патува во Турција, а сега одлучи таму да го помине одворот после завршувањето на сезоната.
Интересно е што во Истанбул Озил се дружи со менаџерот на новиот турски првак Башакшекир, кој веќе претходно се обиде да го донесе во клубот.
Дали селфито кое исплива на социјалните мрежи го најавува трансферот на Озил во Турција останува да видиме.