Македонскиот фудбалски репрезентативец Елиф Елмас почна добротворна акција со која сака да помогне на настраданите и семејствата на загинатите од катастрофалните земјотреси во Турција.
Македонскиот репрезентативец, на својот профил на Инстаграм, го понуди на аукција својот дрес од Наполи, потпишан од соиграчите со цел парите од продажбата да заминат на оние на кои им се најпотребни. Тој објави и видео во кое се обрати самиот и повика за помош.
„Многу ми е жал за мојата земја. Се обидувам да направам што можам. Покрај помошта која досега ја дадовме, планираме да донираме и од Наполи како тим и се надеваме дека тие средства ќе стигнат како донација во Турција што е можно побргу. Ја очекуваме и вашата помош“, изјави Елмас на турски јазик.