среда, 22. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

„Елмас е десетпати подобар од Фратези, но е потценет затоа што игра во Наполи“

„Елмас е десетпати подобар од Фратези, но е потценет затоа што игра во Наполи“

Италијанскиот новинар Карло Алвино жестоко распали по италијанските медиуми и „стручната јавност“ откако се возбудија од бомбастичното засилување на Интер, Давиде Фратези, потенцирајќи дека десетмина како него едвај прават еден Елиф Елмас.

Македонскиот дијамант кој веќе четири години е во Наполи, а изминатава историска сезона за првото „скудето“ по 33 години учествуваше со шест гола и три асистенции, според Алвино е толку потценет, а квалитативно е скалила над Фратези, кој се претсуавува како голем шампион.

„Фратези се претставува како шампион, а реалноста е десетмина Фратези технички прават еден Елиф Елмас. Но, проблемот е што Наполи не ужива внимание и не се крева толку високо, па затоа едните поминуваат како шампиони, а другите како да не се шампиони. Фратези и Елмас се млади, ама Елмас веќе има толку искуство од Наполи, репрезентацијата на Македонија, европските настапи. И некако вагата е премногу спуштена за македонскиот фудбалер. Елмас во Наполи одигра одлично и тешко ми е да разберам зашто него го сметаат за никој, а Фратези е шампион“, вели Алвино.

„Ама во Италија број еден спортски директор е Карневали (човекот од Милан – н.з.), па затоа е вака. Ако некој треба да ги собира почестите, тоа е Џунтоли, кој осум години работеше, никој глас не му слушна, но сѐ што се врти околу Наполи едноставно има негативна вредност. Сега отиде во Јувентус и штом е така, значи дека вреди. Затоа ќе повторам, по која основа Фратези е подобар од Елмас“.