сабота, 25. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Елмас испрати „порака“ до Спалети: Мојата прва љубов – клупата! (ФОТО)

Елмас испрати „порака“ до Спалети: Мојата прва љубов – клупата! (ФОТО)

Лучијано Спалети, предводникот на италијанскиот гигант Наполи, уште од самото доаѓање во редовите на наполитанскиот клуб не го криеше своето одушевување од квалитетите и настапите на нашиот Елиф Елмас, но….

Македонскиот репрезентативец имаше фантастична ланска сезона за калчолигашот и се очекуваше во новата да биде еден од носителите на играта на Наполи, но наместо тоа – тој ја грее клупата како во својата прва сезона кога се пресели во Фенербехче.

Јасно е дека оваа ситуација не му се допаѓа на македонскиот „дијамант“, па реши да го „пецне“ својот тренер и јавно го искажа своето незадоволство.

„Мојата прва љубов (клупата)“, напиша Елмас на социјалните мрежи со фотографија од него пред клупата за резерви на Наполи.