Македонскиот бисер Елиф Елмас вечерва нема да игра против Естонија, откако се пожали на повреда на бутот, па се врати во Неапол и вчера се појави во тренинг-центарот „Кастел Волтурно“, а на доаѓање направи – спектакл.
Младиот фудбалер за врска очигледно уште е во еуфорија и транс после пласманот со Македонија на Европското првенство, па додека новинар на „Скај Спорт Италија“, се вклучи во живо од тренинг-центарот, во тој момент со автомобилот Елмас му упадна во кадар, па направи потег „а ла Џани Алиоски“, почна да гестикулира, доволно да се преврти цела Италија од смеење.
Scusate ma è #Elmas quel pazzo che arriva con la macchina rossa? pic.twitter.com/yobjnLx9Ok
— Andrea Barison (@barison_andrea) November 17, 2020