Македонскиот дијамант блеска силно на Апенините. Ја затресе цела Италија и го разурна Милано со голот во петтата минута. Наполи го победи Милан со 0-1 и се врати во трката за шампионската титула, а Елмас е херојот на „наполитанците“.
Капитенот на фудбалската репрезентација на Македонија, Стефан Ристовски, го откри на Инстаграм разговорот со Елмас пред мечот. Елиф емотивно вели дека во 2010 година првпат го гледал Горан Пандев на „Сан Сиро“ и имал солзи на очи, сакајќи еден ден да игра на тој стадион.
Вечерва не само што играше, туку постигна гол и беше херој на Наполи.