четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Емери пред натпреварот пртив Ливерпул во ЛШ: За да постигнете нешто важно, треба да ги победите фаворитите

Емери пред натпреварот пртив Ливерпул во ЛШ: За да постигнете нешто важно, треба да ги победите фаворитите

Тренерот на Виљареал, Унаи Емери ги процени шансите на Виљареал за успех во Лигата на шампионите.

Предводникот на шпанскиот клуб зборуваше во пресрет на првиот полуфинален натпревар против Ливерпул кој ќе се одржи утре на теренот на англискиот тим.

– За да постигнете нешто важно, треба да ги победите фаворитите. Победата над Јувентус во осминафиналето ни влеа поголема самодоверба. Во полуфиналето ќе се обидеме да создадеме услови за да имаме шанси. Ливерпул е одличен тим. Ни претстои возбудлива пресметка, изјави Емери.

Средбата ќе се игра утревечер на „Енфилд“ со почеток во 21 часот.