вторник, 5. март 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Емотивен момент: Мајка прв пат го погледна дресот на својот син, следеше момент кој ќе ви го растопи срцето (ВИДЕО)

Емотивен момент: Мајка прв пат го погледна дресот на својот син, следеше момент кој ќе ви го растопи срцето (ВИДЕО)

Можеби не многумина го знаат животниот пат на новата ѕвезда на Челзи, Жоржињо.

Тој израснал само со својата мајка, која го научила да игра фудбал. Неговите родители се равеле кога тој имал само шест години, а неговата мајка нив двајца ги издржувала така што работела како чистачка.

Марија Тереза Фреитас од својата скромна плата успеала да му ги купи првите копачки, а дека трудот и откажувањето од некои работи се исплати доказ е договорот тежок 60 милиони евра.

Мајката во саботата прв пат го посети својот син во новиот дом во Лондон. Отидоа во официјалниот фан шоп на Челзи и тогаш следеше емотивен момент во кој госпоѓата Марија прв пат го погледна дресот со името на својот син.

Го фати дресот со бројот 5 на кој е напишано презимето Жоржињо, а потоа се сврти кон својот син со насолзени очи. Следеше прегратка која на секого ќе му го растопи срцето.