Фудбалерот од средниот ред на Бенфика, Енцо Фернандез е пред трансфер во Челзи.
Според пишувањата во британските медиуми, Челзи ќе плати 127 милиони евра за Аргентинецот.
„Сините“ се подготвени да ја плати ослободителната клаузула од 120 милиони евра што ја побара португалскиот клуб, а ќе платат уште седум милиони евра за да не мора да ја плати целата сума одеднаш.
Клубот од Лондон ќе го плати трансферот на 21-годишниот играч во три транши од приближно 40 милиони евра. До комплетирање на трансферот остануваат уште ситни детали.
Доколку се оствари трансферот ќе биде меѓу десетте најскапи трансфери во историјата. Само за пет играчи во историјата на фудбалот досега се платени повеќе од 127 милиони евра.