понеделник, 11. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Енди Робертсон е новиот крал на асистенциите помеѓу дефанзивците во Премиер лигата

Енди Робертсон е новиот крал на асистенциите помеѓу дефанзивците во Премиер лигата

Историја во натпреварот на Ливерпул против Астон Вила испиша бекот Енди Робертсон.Ливерпул брзо го отвори резултатот против Астон Вила, Мохамед Салах погоди после само пет минути игра. Асистент на голот на Салах беше Робертсон кој така испиша историја.

Имено, Робертсон во тој момент стана дефанзивецот со најмногу асистенции во историјата на Премиер лигата. Робертсон дојде до 54-тата асистенција и така го остави зад себе легендарниот Лејтон Бејнс кој има 53.

Секако дека ова е голем успх за Робертсон и тешко дека некој во блиска иднина ќе го надмине шкотскиот фудбалер, посебно ако се знае дека статусот на Робертсон во Ливерпул е сигурен и веројатно ќе остане барем уште неколку години.